Од што се направени вашите производи и дали се безбедни за користење?
Нашите производи за исхрана на бебе и дете се изработени од 100% силиконски материјал за храна. Тие не се токсични и не содржат БПА и што е најважно одобрени се од единствената релевантна инситуција во Р.С. Македонија дека се безбедни за употреба, а тоа е Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Овој вид на производи не смее да биде во легална продажба доколку не е одобрен од АХВ.
Каде се произведени вашите производи?
За производство на нашите производи за исхрана на бебе и дете, како и дел од аксесоарите, користиме фабрики во Кина, додека нашите играчки од дрво се произведуваат во фабрика во Струга, Македонија.
Дали производите поседуваат безбедносни сертификати?
Сите наши производи за исхрана на бебе и дете поседуваат безбедности сертификати и се 100% безбедни за користење.
Дали производите се произведуваат за БЕБЕБОКС?
Да, сите наши производи се произведени ексклузивно за нашиот бренд.
Дали вашиот бизнис е легален и каде може да се купат вашите производи?
Да, БЕБЕБОКС ДООЕЛ е легална фирма со седиште во с. Враништа 264, Струга, Р.С. Македонија со ЕДБ: 4026021534440 и ЕМБС: 7484445.
Во овој момент нашата продавница фукнционира само онлајн што значи дека сите производи може да се купат единствено преку нашиот вебсајт.