БЕБЕБОКС ДНЕВНИК: ЛЕТО 2023

Добредојде, лето! Има нешто со доаѓањето на летото што не прави да се чувствуваме полесно и од пердув, забораваме на грижите и обврските и се препуштаме на уживањето.

Оваа сезона имаме многу новитети. Повторно во продажба ги имаме нашите добро познати силиконски сетчиња за играње на плажа, меѓутоа овојпат под палката на Австралискиот бренд O.B. Designs. Кажуваме здраво и на неколку нови брендови: Pottiagogo преносливи нокширчиња за најлесните летни патувања, ромпери од SnoozeBaby Amsterdam, лигавчиња со ракави од Tiny Twinkle, силиконски едукативни играчки од O.B. Designs и чинии и чаши од Mushie.

За забавата да биде уште поголема, оваа сезона во продажба имаме и дрвени играчки кои ќе им послужат како вредна алатка во развивање на имагинацијата на сите дечиња.

Наскоро го отвораме нашиот прв изложбен простор во центарот на Струга, возбудени сме за овој нов чекор во нашата приказна.

Имајте убаво и весело лето.