Добредојде, есен! Мислам дека не постои човек на светот кој не и се радува на есента. Таа свежина што ја носи есента после долгото топло лето заедно со нејзините златни бои ни создава некое убаво чувство на удобност и носталгија.
Оваа сезона акцентот го ставаме на домашни брендови и рачни изработки. Повторно во продажба ги имаме бодињата со долги ракави со принт од тиква кои се совршени за претстојната сезона. Како новитет оваа сезона ни доаѓаат сетот шнолички со тиквичка и ѕвезда, кои се совршени за златните есенски денови и малите модерни дами.
Новитет оваа сезона е и современата вртелешка за над бебешко креветче, HUSH BABY, која е 100% рачно изработена од природни материјали.
А, исто така од оваа сезона запловуваме подлабоко во дигиталниот свет со неколку дигитални производи достапни за сите.
Имаме и неколку нови книги кои верувам дека ќе бидат новите омилени четива за пред спиење на сите дечиња.
Уживајте во златната есен и Ви благодарам што сте тука со нас веќе цели 3 години.
