Опис
Ја започнуваме новогодишната бајка за оваа година со нашиот Новогодишен календар кој потоа може да се користи и во текот на целата година за безброј детски игри или за складирање на омилените фигури и играчки, бидејќи е во форма на кутија. Рачно изработен со наши илустрации со висина и ширина од 23cm. На врвот од предниот дел е декориран со новогодишно еленче. Компактен и лесен, може да се постави било каде бидејќи е самостоечки, не мора да се потпира за да стои.
Содржи 31 прозорче во иста големина за секој ден од месец декември за одбројување до Новата година. Прозорчињата треба да се пополнат со мали подароци за секој ден од месецот, додека одбројуваме до Новата година и доаѓањето на Дедо Мраз.
Собери ги сите новогодишни играчки од нашиот асортиман и направи ја најмагичната куќарка за твоето малечко.
⚠️ Задолжителен надзор од родител или старател.
Димензии: 23cm x 23cm