Опис
Близначињата Матеј и Луна зимскиот распуст ќе го поминат на село, кај баба Вера. Токму на денот на нивното заминување почнува да паѓа снег. Како и зимата да се радува на распустот. Ја наметнува природата со бела, снежна покривка: бели се дрвјата, бело е небото, бели се крилцата на врапчињата, бела е детската радост. Прочитај ја приказната и уживај во многуте активности заедно со Матеј и Луна, баба Цвета, баба Вера и децата од селото. Цртај, бој, пишувај, решавај загатки, забавувај се и можеби и ти ќе го слушнеш аплаузот на снешковците или ќе го видиш бувот кој ноќе ги чува соновите на децата.
Kатегорија | Сликовници |
Автор | / |
Издавач | Арс Ламина |
Јазик | Македонски |
Година на објавување | 2021 |
Број на страници | 30 |