Опис
Ја започнуваме новогодишната бајка за оваа година со нашиот прв Новогодишен календар во форма на куќарка кој потоа може да се користи и во текот на целата година за безброј детски игри. Висок е 100 cm, широк е 60 cm со длабочина на прозорчињата од 10 cm. Рачна изработка од медијапан, изработен во Македонија во нашата работилница.
Новогодишниот календар е самостоечки, не мора да се потпира за да стои, има и опција за закачување на ѕид како полица. Содржи 31 прозорче во различна големина за секој ден од месец Декемви за одбројување до Новата година. Прозорчињата треба да се пополнат со мали подароци за секој ден од месецот, додека одбројуваме до Новата година и доаѓањето на Дедо Мраз.
Со календарот се вклучени 31 картичка за секој ден од месецот со оригинални БЕБЕБОКС илустрации.
Собери ги сите новогодишни играчки од нашиот асортиман и направи ја најмагичната куќарка за твоето малечко.
Период на изработка: 4 – 7 денови.
⚠️ Задолжителен надзор од родител или старател.
Димензии: 100cm x 60cm x 10cm
Тежина: 10 kg
Забелешка: Доставата за овој производ е поскапа поради големината и тежината на истиот. Од таа причина, Ве молиме пред да кликнете на копчето со име “Продолжи кон наплата“ одберете метод на достава со име “Новогодишен Календар 190,00 ден“. Играчките и подароците не се дел од календарот.