Коњчето од рингишпилот

220,00 ден

„Коњчето од рингишпилот“ е сликовница за авантурата на едно дрвено коњче од рингишпилот на крајот од градот. Оживувајќи го коњчето со класична постапка на персонификација, стиховите на Јован Стрезовски од него прават лирски херој со кој децата лесно ќе се идентификуваат и сигурно ќе го засакаат. Илустрациите на Орце Нинески ù даваат впечатлив визуелен лик на оваа ноќна авантура кога коњчето бега од рингишпилот, се прошетува низ градот и наутро се враќа на рингишпилот да ги чека децата. „Тајниот“ соновен живот на омилените детски нешта, меѓу кои е и дрвеното коњче, придонесува за емоционалниот развој на малите големи читатели.

„Коњчето од рингишпилот“ е навраќање на старите мајстори на литературата за деца и нивно претставување пред најмладите во целосно нов и свеж лик.

5 на залиха

Опис

Оригинален наслов на книгата : Коњчето од рингишпилот
ИСБН : 978-608-267-543-5
Година на издавање : 2022
Издавачка куќаЛиби
Број на страни: 24
Димензии : 210х210
Корица : мека