Опис
Запознајте ја нашата омилена балерина, Клара!
Клара е секогаш насмеана и весела, таа ги собира новогодишните желби од сите дечиња и ги пренесува до Дедо Мраз. Така сите дечиња си ги добиваат посакуваните подароци, а Клара им помага цврсто и мирно да заспијат и да ги сонуваат најубавите соништа додека Дедо Мраз ги остава подароците под елката.
Рачно изработена, мека, целосно функционална и висока 18 см, Клара е совршена големина за да се вклопи во малите рачиња или да се носи насекаде сместена удобно во џебот.
Комбинирајте ја заедно со книгата The Nutcracker за целосно магично доживување!
Клара доаѓа спакувана во сопствено, магично, новогодишно пакување и е дел од ФАБУЛА™.